Ве известуваме дека на Европското првенство во стрелаштво – БАКУ 2017 кое се одржа од 19 Јули до 4 август 2017 во Баку, Азербејџан, шеснаесетгодишниот спортист јуниор Јане Џингов- предводен од Селекторот на Македонската Спортска Стрелачка Федерација во квалификацискиот натпревар за учество на Младинските Олимписки Игри- БУЕНОС АИРЕС 2018 во дисциплината 10 m. Air Rifle Man Youth постигна резултат од 590,5 кругови што е за 10,5 кругови повисок од предвидениот Минимален Квалификациски Резултат (Minimum Qualification Score-MQS) кој изнесува 580 кругови и кој задолжително треба да го исполни секој спортист за да може да земе учество на Младинските Олимписки Игри БУЕНОС АИРЕС 2018 во Аргентина.
Резултатот од 590,5 кругови кој го постигна Јане Џингов на овогодинешното Европско првенство во стрелаштво – БАКУ 2017 е 17-ти резултат по вредност во својата дициплина, а целта за која беше пријавен да настапи на неговиот прв натпревар беше исполнување на Минимален Квалификациски Резултат.
На Младинските Олимписки Игри БУЕНОС АИРЕС 2018 во дисциплината 10 m. Air Rifle Man Youth ќе имаат можност да учествуваат само 20-тина спортисти јуниори-Man Youth од целиот свет, a колку што нас ние е познато до овој момент Јане Џингов е единствен јуниор спортист од сите спортови во Република Македонија кој има постигнато резултат со кој има можност да учествува на Младинските Олимписки Игри - БУЕНОС АИРЕС 2018 и затоа сметаме дека неговото постигнување има уште поголемо значење.
Со извонредниот постигнат резултат на квалификацискиот натпревар на Европското првенство Баку 2017, шеснаесетгодишниот Јане Џингов има можнот да учествува на Младинските Олимписки Игри БУЕНОС АИРЕС 2018 како претставник на Република Макединија во спортот стрелаштво и би сакале да изразиме благодарност на подршката на Агенцијата на млади спорт без чија подршка не би имале можност да земеме учество на Европски, Светски првенства и Светски купови каде имаме можност да ги оствариме и верификуваме нашите меѓународни спортски резултати.
Исто така e побарано и Македонскиот Олимписки Комитет во претстојниот период преку стипендија од Фондот на Олимписка Солидарност и преку други форми, финансиски и тие да го подржат спортистот Јане Џингов во неговите тренинзи и учества на меѓународни натпревари во претстојниот период, со цел натамошно унапредување и развој на неговата спортска форма и освојување медал на Младинските Олимписки игри – БУЕНОС АИРЕС 2018.