Се одржа вториот КУП од лигата со воздушно оружје

DSC_0523На 23.03.2013 година на стрелиштето во Битола се одржа вториот КУП со воздушно оружје од меѓународна програма на кој настапија околу 40 стрелци од повеке клубови низ Македонија. Во дисциплината воздушен пиштол мажи 60, со мало потфрлување во резултатот, стрелците од нашиот Стрелачки клуб “Стрелец”очекувано беа на првите две позиции и тоа на првото место се искачи Деан Ристовски со резултат 556 круга а веднаш до него беше Јордан Тасевски со резултат 554 кругови, додека Гоце Андоноски од С.К “Херој Прилеп” со резултат 547 круга беше на третото место. Во Дисциплината воздушен пиштол жени на првото место очекувано беше Оливера Наковска Бикова со резултат 377 круга од СК”Работнички”, на второто место Натка Л.Симоновска со резултат 362 од СК “Работнички” и Дијана Петрова од СК “Стрелец” со резултат 359 кругови на третото место. Кај мажите со воздушна пушка на првото место со солиден резултат се искачи Михаил Шишкоски од СК”Охрид” со резултат 594,5, на второто место Драгослав Кудрановиќ со резултат 571,8 од СК “Стрелец” и на третото место Томислав Гончев со резултат 570,4 од      СК “Стрелец”. Во дисциплината воздушна пушка жени како и минатиот пат се водат борби за првото место но овој пат нашата Светлана Трпковска со 394 круга од СК “Стрелец” убедливо се искачи на првото место, додека на второто место со резултат од 389 кругови Ана Ивановска од СК “РЕК Битола” покажа дека не треба да заборават како може да изненади и на третото место Нина Балабан од СК “Охрид” со резултат 388,6 кругови.