На ден 01.06.2014 година на воздушното стрелиште во Битола, се одржа Државното првенство од 2014-та година со воздушен пиштол и воздушна пушка, во машка и женска конкуренција – меѓународна програма. На натпреварот настапија 40-тина стрелци од повеќе клубови кои постигнаа одлични резултати.
Стрелачки клуб “Стрелец” на овој натпревар освои 4 златни 1 сребрена и 4 бронзени медали.
Во категорија воздушен пиштол мажи - сениори златниот медал беше резервиран за искусниот Јордан Тасевски од СК “Стрелец” со резултат 553 круга, веднаш до него од СК “Работнички” на второто место беше Ангелко Петровски со резултат 550 кругови и на трето место се пласира Мартин Гелевски со резултат 538 круга од СК Стрелец.
Во категорија воздушен пиштол мажи - јуниори исто така од СК “Стрелец” на првата позиција без никакви потешкотии беше Борјан Бранковски со резултат 553 круга.
Во категорија воздушен пиштол жени – сениорки на првата позиција со златен медал се закити Оливера Н.Бикова од СК Работнички со резултат 378 кругови, на втората позиција исто од СК Работнички со добар резултат од 362 круга се искачи Натка Л.Симоновска, додека на третото место овој пат беше Дијана Георгиевска од СК “Стрелец” со резултат 352 круга.
Додека во категорија воздушен пиштол жени – јуниорки, талентираната Симона Ангелеска од СК “Стрелец” го потврди својот напредок во спортското стрелаштво само со неколку натпревари во својата стрелачка кариера и искачи на првото место со резултат од 356 круг.
Во категорија воздушна пушка мажи – сениори на првата позиција се искачи Михаил Шишкоски од СК Охрид со резултат од 603,7 кругови кој воедно постави и нов Државен рекорд, веднаш до него од СК “Стрелец” на втората позиција се пласира Драгослав Кудрановиќ со резултат од 581,8 круга, додека Томислав Гончев од истоимениот клуб се пласира на третата позиција со резултат од 570 круга.
Во категорија воздушна пушка мажи – јуниори на првата позиција од СК “Стрелец” убедливо со златен медал се закити Ѓорѓија Петковски со резултат од 570,6 кругови, додека на втората и третата позиција беа Мартин Гоџоски со резултат од 561,9 кругови и Васко Попоски со резултат од 547,3 кругови и двајцата од СК Охрид.
Во категоријата воздушна пушка жени – сениорки првото место го освои Елена Апостоловска од С.К. “Кавадарци” со резултат од 399,2 кругови, на втората позиција од истоимениот клуб беше Андријана Колева со резултат од 396,4 додека на третото место се пласира Светлана Трпковска од Ск “Стрелец” која имаше резултат од 386,6 кругови.
Кај девојките во категорија воздушна пушка жени – јуниорки златниот медал го освои Нина Балабан од СК “Охрид” со одличен резултат од 403,1 кругови, на втората позиција се искачи Ивановска Ана од домашниот клуб РЕК “Битола” со резултат од 397,8 а додека на третото место се пласира Ангела Алексовска од Ск “Охрид” која имаше резултат од 379,2 кругови.
Покрај успешниот настап на стрелците од клубот на Државното првенство со воздушно оружје од лигата, Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје изразува голема благодарност до Гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин од Скопје во која се наоѓа стрелиштето на клубот за тоа што отстапува простор за редовно спроведување на тренажниот процес на стрелците, кои на секој натпревар даваат се од себе за подобар личен и клубски пласман, со што успеваме да сме најтрофеен и најуспешен Стрелачки клуб во Р.Македонија и се надеваме така ќе продолжиме.