По летниот одмор се одржа и III-от КУП од лигата во 2016 г. на воздушното стрелиште во Битола.

Почитувани љубители на Македонското спортско стрелаштво

по завршување на летниот распуст на ден 16.10.2016 година на воздушното стрелиште во Битола започна и вториот дел од натпреварувачката сезоната со одржување на III-от КУП од 2016 година, со воздушен пиштол и воздушна пушка, во машка и женска конкуренција – меѓународна програма. На натпреварот настапија 30-тина стрелци од повеќе клубови.

Во категорија воздушен пиштол – мажи, првите три места беа резервирани за стрелците од С.К “Стрелец” така што Јордан Тасевски со резултат 554 круга го освои првото место, веднаш до него на второто место беше Борјан Бранковски со резултат од 550 круга додека на третото место се пласира Мартин Гелевски со резултати од 537 круга.

Во категорија воздушен пиштол – жени, на првата позиција од С.К “Херој Прилеп” со резултат од 365 круга се искачи Маја Чешелкоска, на втората позиција беше Вероника Велковска од С.К “Стрелец” со резултат од 347 круга додека на трето место се пласира Лидија Крстеска од С.К “Стрелец” со резултат од 343 кругови.

Во категорија воздушна пушка – мажи на првата позиција се искачи  Мартин Ивановски со резултат од 580,1 кругови од С.К “РЕК Битола” а веднаш до него на втората позиција за 1 круг помалку се пласира Леон Јаневски од С.К “Стрелец” со резултат од 579,1 круга, додека  Стефан Ѓоргиоски од С.К “РЕК Битола” се пласира на третата позиција со резултат од 577,7 круга. На четврта и петатта позиција се пласираа стрелци од С.К “Стрелец” и тоа Драгослав Кудрановиќ со 571,5 круга, и Горан Секулоски со 527,0 круга.

Кај девојките во категорија воздушна пушка – жени на првото место се искачи Нина Балабан од С.К “Стрелец” со резултат од 407,9 круга, до неа на втората позиција беше Мартина Петровска од С.К “Охрид” со резултат од 402,3 круга, додека на третата позиција се искачи Јана Маркоска од С.К “Охрид” со резултат од 391,5 круга а веднаш до неа на четвртата позиција беше Антонија А.Тасевска од С.К “Стрелец” која имаше резултат од 391,1 круг .

Покрај успешниот настап на стрелците од клубот на III-от КУП од лигата во 2016 година, Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје изразува голема благодарност до Гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин од Скопје во која се наоѓа стрелиштето на клубот за тоа што несебично отстапува простор за редовно спроведување на тренажниот процес на стрелците, кои на секој натпревар даваат се од себе за подобар личен и клубски пласман, со што успеваме да сме најтрофеен и најуспешен Стрелачки клуб во Р.Македонија како на домашните така и на меѓународните натпревари а се надеваме ќе продолжиме со добра соработката и за уште поголеми успеси.