Одржан традиционалниот натпревар во дисциплините пушка 7,62×39 мм и пушка 7,9 мм на растојание од 100 метри

Почитувани спортски стрелци и љубители на спортското стрелаштво

Изминатиов викенд на ден 19.09.2021 година на стрелиштето Камник во Скопје се одржа традиционалниот натпревар во дисциплините пушка 7,62×39 мм и пушка 7,9 мм на растојание од 100 метри во лежечки став за сите Стрелачки клубови кои се членки и придружни членки на Македонската Спортска Стрелачка Федерација.
Во двете дисциплини имаше 50-тина стрелци од повеќе стрелачки клубови кои го покажаа својот спортски дух во борбата за освојување на медал. Натпреварот се одржа под посебни безбедносни мерки за заштита на здравјето на сите учесници почитувајќи ги мерките пропишани од Владата на Р. Северна Македонија и протоколот за одржување тренинг и натпревари во услови на КОВИД-19 за спортско стрелаштво.

Во поединечен пласман со пушка 7,9 мм на првите три места се искачија:

Томислав Гончев од С.К “Стрелец” на прво место со резултат од 88 кругови, Драгослав Кудрановиќ од С.К “Стрелец” на второ место со резултат од 83 кругови и Марјан Ивановски од С.К “Штип” на трето место со 80 кругови.

Во екипен пласман екипата на С.К “Стрелец” – Скопје во дисциплината пушка 7,9 мм убедливо го освои првото место со вкупен резултат од 246 кругови. На второ место беше екипата на СК “Штип” со освоени 234 кругови додека на трето место се пласира екипата на С.К “Стратилат” со резултат од 201 кругови.

Во поединечен пласман со пушка 7,62×39 мм на првите три места се искачија:

Јордан Тасевски од С.К “Стрелец” на прво место со високи 162 кругови, Николче Соколовски од С.К “РЕК” на второ место со резултат од 152 кругови и на трето место Игор Егоров од С.К “Штип” со освоени 148 кругови.

Во екипен пласман екипата на С.К “Штип” во дисциплината пушка 7,62×39 мм го освои првото место со вкупен резултат од 423 кругови. На второ место беше екипата на С.К “Стрелец” со освоени 419 кругови додека на трето место екипата на СК “РЕК” со освоени 350 кругови.

Во двете дисциплини пушка 7,62×39 мм со освоени 60 кругови и пушка 7,9 мм со освоени 50 кругови во категорија жени оваа година учествуваше единствено Весна Цветановска од С.К “Предатор”.

Ви го прикажуваме целосниот билтен и останатите резултати од Традиционалниот натпревар за 2021 во пушка 7,62×39мм и пушка 7,9мм:

Билтен од традиционален натпревар со пушка 7,9 и пушка 7,62 х 39 мм за 2021