Почитувани љубители на спортското стрелаштво
На ден 17.11.2018 година во воздушното стрелиште на С.К “Стрелец” кое се наоѓа во Гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин во Скопје, се одржа IV-от и последен КУП од 2018 година, со воздушен пиштол и воздушна пушка, во машка и женска конкуренција – меѓународна програма.
На натпреварот настапија 40-тина стрелци од повеќе клубови кои постигнаа солидни резултати.
Како и секогаш Ви ги претставуваме најдобро пласираните стрелци во секоја категорија.
По промената на правилата од страна на ИССФ на почетокот од годинава од кога и се изедначија жените со мажите во бројот на истрели од 40 на 60 дијаболи кај девојките во дисциплината пушка и пиштол постојано меѓусебно се натпреваруваа и поставуваа нови рекорди се додека не се дојде до повисок резултат кој ќе може потешко како рекорд да се соборува. Овој пат кај девојките во категорија воздушна пушка – жени на првото место со нов подобрен рекорд во оваа дисциплина се искачи Нина Балабан од С.К “Стрелец” со 624,9 кругови, до неа на втората позиција беше Ана Ивановска од С.К “РЕК Битола” со погодени 614,1 кругови и на трето место Анастасија Мојсовска со 610,2 кругови. Останатите наши стрелци од С.К Стрелец во оваа категорија мораше овој пат да се задоволат со петатта позиција Антонија Тасевска со 598,4 кругови на шесто место Божица Велковска која испука добри 595,3 кругови, Сара Томевска на девета позиција која имаше резултат од 588,2 кругови, Анета Божовиќ со 585,5 кругови и Фросина Спирова со 515,6кругови.
Во категорија воздушна пушка – мажи на првата позиција се искачи јуниорот Јане Џингов со резултат 587,3 од С.К “Стрелец”. На втората позиција се искачи Мартин Ивановски од С.К “РЕК Битола” со погодени 583,5 кругови, а до него на третата позиција со резултат 581,5 беше Бојан Симичиев од С.К “Стрелец”. Во оваа категорија од С.К “Стрелец” настапија и Драгослав Кудрановиќ кој се пласира на петатта позиција со резултат од 573,9 кругови и Димитар Димевски кој го подобри својот резултат на 563,2 кругови доволни за пласман на шестата позиција.
Во категорија воздушен пиштол – мажи Борјан Бранковски од С.К “Стрелец” го освои првото место со испукани 566 кругови, на второ место се искачи Јордан Тасевски од С.К “Стрелец” со резултат од 560 кругови додека на третото место беше Блаже Тофиловски од С.К “Работнички” со испукани 556 круг. Во оваа категорија од С.К “Стрелец” настапија и Мартин Гелевски кој се пласира на петатта позиција со резултат од 536 кругови, Виктор Пандовски кој го подобри својот резултат на 518 кругови, Јован Лазоски со 502 кругови, Ѓорѓија Тасевски со 476 кругови и Димитриј Трчков со 451 круг.
Во категорија воздушен пиштол – жени, од С.К “Стрелец” настапи Вероника Велковска со резултат од 532 круга.
Покрај успешниот настап на стрелците од клубот на IV-от КУП од лигата за 2018 година, Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје изразува голема благодарност до Гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин од Скопје во која се наоѓа стрелиштето на клубот за тоа што несебично придонесува за редовно спроведување на тренажниот процес на стрелците, кои на секој домашен и меѓународен натпревар даваат се од себе за подобар личен и клубски пласман со што успеваме да сме најтрофеен и најуспешен Стрелачки клуб во Р.Македонија.