После Тасевски Јордан кој на почетокот на годинава на I-от КУП во Скопје, по спроведување на новите правила од ИССФ постави нов Државен рекорд во дисциплината воздушен пиштол-мажи со испукани 571 круг, очекувано без некакви потешкотии како од шала со воздушен пиштол во категоријата јуниори го направи и Бранковски Борјан со испукани 561 круга на V-от КУП со воздушно оружје – меѓународна програма кој се одржа на ден 10.11.2013 година во Штип .
Кај стрелците кои пукаат во дисциплината воздушен пиштол – мажи на првите 5 места без конкуренција беа стрелци од СК “СТРЕЛЕЦ” каде за прв пат и очекувано на првото место во апсолутна категорија се искачи Борјан Бранковски со испукани 561 круг и воедно постави нов јуниорски Државен рекорд. Самиот разултат по себе кажува дека формата на Бранковски се покачува со спроведување на добриот тренажен процес на кој целосно е посветен како самиот стрелец така и одговорните лица во клубот, со што се наговестуваат и многу повисоки резултати. На второто место со испукани 554 кругови беше Тасевски Јордан а на третото место со резултат од 550 круга се искачи Ристовски Деан, додека Гелевски Мартин со 548 круга се пласира на четвртата позиција, односно Радосавлевиќ Александар на петотто место кој изненади и направи доста голем скок со испукани 535 кругови.
Во дисциплината воздушен пиштол – жени единствен наш претставник беше Велковска Вероника која се пласира на четвртата позиција со резултат од 341 круг.
Во дисциплината воздушна пушка – мажи Гончев Томислав со испукани 581,7 кругови го освои третото место додека Петковски Ѓорѓија заврши како четвртопласиран, односно првопласиран во јуниорска конкуренција со резултат од 564,4 кругови. Во оваа категорија Драгослав Кудрановиќ, Николовски Кирил и Илијовски Марко завршија еден до друг од осмата до десета позиција.
Кај девојките во дисциплина воздушна пушка веќе подолг период константно со освојување на второто место Трпковска Светлана со резултат 392,7 кругови, го покажува недостатокот на доволно тренинзи, но се надеваме тоа во блиска иднина ќе се промени и лесно ќе се врати на првото место кое го заслужува, додека пак како шестопласирана забележа подобрување и Зец Биљана со резултат од 365,9 кругови.
Мора да се истакне дека како на овој КУП така и на претходните, темна дамка оставија одговорните лица од СК “ОХРИД” заедно со СК”Херој Прилеп од Прилеп кој без никаков морал континуирано шират омраза помеѓу стрелците од присутните клубови оптеретувајќи ги со разни политички и дневно небитни муабети во врска со МССФ кои треба да се решаваат на други соодветни места, како и мешањето со коментари од нивна страна во политиките на други клубови од типот кој колку стрелни места има, дали прозори има, итн. Секако дека секој клуб има желба да има над 20 стрелни места а не 5 или 6 и не секој клуб ја имал таа среќа МССФ да му направи современо стрелиште како што е стрелиштето во Охрид каде доколку не беше одржано балканското првенство во Охрид 1999 година немаше да имаат каде да тренираат. Но ситуацијата е таква каква што е во повеќето стрелачки клубови кои се среќни и со тие неколку стрелни места што ги имаат за да се одржуваат тренинзи и постигаат високи резултати и под тие услови. Се надеваме дека од страна на МССФ во иднина ваквите континуирани неспортски испади нема да се толерираат, бидејќи никој стрелачки клуб нема право да се меша во политиката и функционирањето на другите клубови и треба да си ја гледа својата работа за која во секој клуб одлучуваат повеќе одговорни лица во клубот а не едно лице.
Претседател на СК “СТРЕЛЕЦ” Тасевски Јордан
Потпретседател на СК “СТРЕЛЕЦ” Ристовски Деан