Македонските спортски стрелци се претставија во добро светло на Меѓународниот натпревар “Војводина КУП 2018″ во Нови Сад

Почитувани

Изминатиов викенд во Нови Сад Р.Србија од 03-04 Февруари 2018 се одржа меѓународно првенство со воздушно оружје 10 метри „Војводина Куп 2018“. На ова првенство учествуваа повеќе членови од нашиот клуб од кои дел се и репрезентативци во спортско стрелаштво од Република Македонија. Нина Балабан, Ана Ивановска (“С.К Рек Битола”), Антонија Андонова Тасевска и Сара Томевска за прв пат имаа можност во дисциплината Air Rifle Women да пукаат по 60 дијаболи подеднакво како кај мажите после официјалните измени од ИССФ кои влегоа во сила од 01.01.2018 година. Од мажите настапија Јане Џингов, Леон Јаневски и Бојан Симичиев во дисциплината Air Rifle Men 60. Спортистите на ова првенство се претставија во добро светло.27935693_10213615165647111_256447028_n

Во конкуренција од 42 натпреварувачки, Нина Балабан во дисциплината Air Rifle Women 60 го освои 9-то место со резултат од 617.1 кругови каде за само 0,4 кругови пропушти можност да се натпреварува во финале. Овој резултат моментално преставува нов државен рекорд во дисциплината воздушна пушка жени поради промената на правилата од 40 на 60 дијаболи. Веднаш до неа со 0,3 помалку кругови и со исто така солиден резултат на 10-тото место се пласира Ана Ивановска од “С.К Рек Битола” со резултат од 616,8 кругови. Во оваа категорија настапи и Антонија Тасевска која испука 606,7 кругови и се пласира на 25-тото место. Во категоријата Air Rifle Women 60 junior настапи Сара Томевска со резултат 579,6 кругови која се пласира на 40-тото место односно на 25-тото во јуниорска конкуреција. 27845880_10213607003603065_878373175_o

Кај мажите во конкуренција од 30 натпреварувачи, Јане Џингов кој веќе има постигнато Б норма за учество на младински олимписки игри 2018, во дисциплината Air Rifle Men 60 го освои 17-тото место со резултат од 600.4 односно 7-то место во јуниорска конкуренција. И овој пат Јане Џингов го подобри својот резултат со што постави личен и државен јуниорски рекорд во дисциплината Air Rifle Men 60 Junior. Во оваа категорија настапи и Бојан Симичиев кој со резултат од 585,7 кругови се пласира на 27-то место односно во јуниорска конкуренција на 13-то место. Во категоријата Air Rifle Men 60 настапи и Леон Јаневски со резултат од 584,2 кругови која се пласира на 28-то место.

Во дисциплината Air Rifle Women 60 во квалификациониот дел од натпреварот највисоки резултати постигнаа: Malic Marija-SRB 626.9; Arsovic Andrea-SRB 626.6; Zavisic Marija-SRB -624.6. Но, сепак во финалната борба во оваа дисциплина златниот медал го освои Arsovic Andrea-SRB 250.5.

Во дисциплината Air Rifle Men 60 во квалификацискиот дел од  натпреварот највисоки резултати постигнаа: Stefanovic Milutin-SRB  628; Pesic Dejan-SRB 622,5; Janjic Djordje-SRB 619,3, но во финалето сепак златниот медал го задржа Stefanovic Milutin-SRB  251.27901803_10213607003563064_2095835354_o

Покрај успешниот настап на стрелците од клубот на овој меѓународен натпревар, Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје изразува голема благодарност до Гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин од Скопје во која се наоѓа стрелиштето на клубот за тоа што несебично отстапува простор за редовно спроведување на тренажниот процес на стрелците, кои на секој натпревар даваат се од себе за подобар личен и клубски пласман, со што успеваме да сме најтрофеен и најуспешен Стрелачки клуб во Р.Македонија и се надеваме ќе продолжиме со добрата соработката за уште поголеми успеси.