Во Словенија од 6-12 Март 2017 се одржа Европското првенство во воздушно оружје 10 метри „МАРИБОР 2017“. На ова европско првенство учествуваа 3 сениорски репрезентативци во спортско стрелаштво од Република Македонија: Нина Балабан и Антонија Андонова Тасевска во дисциплината Air Rifle Women 40 и Борјан Бранковски во дисциплината Air Pistol Men 60. Македонските репрезентативци на европското првенство се претставија во добро светло a нив ги предводеше селекторот на државната репрезентација во спортско стрелаштво на Република Македонија – Јордан Тасевски.
Во конкуренција од 81 најдобри европски натпреварувачки, Нина Балабан во дисциплината Air Rifle Women 40 го освои 16-тото место со резултат од 415.1 кругови (серии: 102.7; 102.7; 105.0; 104,7) и тоа е нејзин највисок постигнат резултат на едно европско првенство досега. Од влезот во финалната борба во оваа дисциплината ја делеа само 1.5 кругови.
На европско првенство за првпат во истата дисциплина Air Rifle Women 40 дебитираше и сениорката Антонија Андонова Тасевска која постигна резултат од 392 кругови (серии: 95.9; 98.2; 96,9; 101.) што по величина е резултат од класата на MQS –норма за можно учество на Олимписки игри.
Во дисциплината Air Rifle Women 40 во квалификациониот дел од натпреварот највисоки резултати постигнаа: Nikola MAZUROVA-CZE 418.4; Yulia KARIMOVA-RUS 417.6; Franziska PEER AUT -417.2. Но, сепак во финалната борба во оваа дисциплина златниот медал го освои Snjezana PEJCIC-CRO 249.1; сребрениот и припадна на Stina NIELSEN-DEN 247 додека бронзаниот отиде во рацете на Daria VDOVINA-RUS 224.1)
Сениорот Борјан Бранковски исто така за првпат дебитираше на едно европско првенство во дисциплината Air Pistol Men 60 и исто така оствари резултат од 563-19х кругови (серии: 94, 95, 93, 96, 96, 89) и пласман на 61 место. Резултатот што го постигна Борјан по величина е исто така резултат од класата на MQS–норма за можно учество на Олимписки игри. Во квалификацискиот дел од натпреварот најдобар резултат од 582 кругови во оваа дисциплина постигнаа дури 4 напреварувачи (Pablo CARRERA-ESP 582-24x; Nikolai KALIN-RUS 582-24x; Cristian REITZ-GER 582-21x; Mathiev PERIE-FRA 582-15x), но во финалето сепак златниот медал го освои Cristian REITZ-GER 241.6, сребрениот Damir MIKEC-SRB 241.4, додека бронзата му припадна на Ismail KELES-TUR 220.7