Македонски спортски стрелец член на С.К Стрелец – Скопје учествуваше на Олимписките игри РИО 2016

13293204_10154207861115789_2080869084_nОд 5 до 21 Август 2016 г. во Бразил се одржаа 31-те Олимписки Игри РИО Де Женеиро 2016. За овие Олимписки игри по админстративна постапка беше обезбедено учество за еден спортски стрелец од Р. Македонија во дисциплината ARW 40. Спортскиот стрелец Нина Балабан член на С.К Стрелец – Скопје зема учество во оваа дисциплина и оствари резултат од 407,7 кругови со кој се пласира на 42 место.

Златниот олимписки медал во оваа дисциплина го освои 19 годишната Virginia Thrasher (USA) со резултат од 416,3 кругови со кој оствари влез во финалето и резултат во финалето од 208,8 кругови. Младата  Virginia Thrasher со само една година Меѓународно спортско искуство и претходно учество на само три светски купа  во организација на ISSF (Светскиот Куп Габала 2015, Светскиот Куп Рио де Женеиро 2016 и Светскиот Куп Минхен 2016) на Олимписките игри го освои првото место во својата дисциплина и со тоа го оствари највредниот планетарен спортски успех. Сребрениот медал го освои Li Du (CHN) со резултат 420,7 кругови за влез во финале и резултат во финале од 207 кругови додека Бронзениот медал  го освои Siling Yi (CHN) со резултат 415,9  кругови за влез во финале и резултат во финале од 185,4 кругови.

Во истата оваа дисциплина забележителен успех  во ОИ РИО 2016 постигна и младата Fernanda Russo (ARG) која со само 16 години возраст оствари пласман на 20 место со постигнат резултат од 414,4 кругови.