Официјалното седиште на клубот се наоѓа на адреса Ул.Матеја Матeвски бр.10/2-20, 1000 Скопје Р.Македонија додека стреланата за одржување на редовните тренинзи се наоѓа во Гимназијата Раде Јовчевски Корчагин.
Дополнителни информации можете да добиете на тел: 077-600-262, или на нашата e-mail адреса sk.strelec@hotmail.com
Меѓународен лиценциран тренер за пушка и пиштол во клубот е Јордан Тасевски кој е долгогодишен стрелец и повеќекратен Државен првак.
Помошник тренер за пушка со меѓународна тренерска лиценца е Драгослав Кудрановиќ кој е долгогодишен стрелец и повеќекратен Државен првак.
Помошник тренери за вршење обука на членовите за правилно користење и ракување со оружје во клубот се и Јане Џингов, Вероника Велковска и Димитар Димевски кои се повеќегодишни искусни стрелци со национални дипломи за тренери и судии.
Пукањето е на растојание од 10 метри Олимписка дисциплина, а за еден тренинг добивате 40 дијаболи, 5 мети и помош од професионлци. Цената на месечна членарина изнесува 1800 денари со која добивате оружје, опрема, мети, дијаболи и обука за секој тренинг во текот на месецот, односно секој понеделник, среда и петок во период од 18 до 21 часот додека поединечен рекреативен тренинг изнесува 250 денари. Стреланата е со десет стрелни места. Стреланата е наменета за користење на воздушно оружје со јачина до 7 џули и cal 4,5 mm. За секое друго оружје од поголем калибар тренинзите се одржуваат на стрелиштето Камник по претходно закажан термин.
За уплата на членарини, донации и спонзорства се користи следната сметка на клубот:
Жиро сметка: 300000001356872
Назив на примачот: Стрелачки клуб “СТРЕЛЕЦ” – Скопје
Депонент: Комерцијална Банка А.Д Скопје
Исто така може да ја искористите и нашата web страница за да ни напишете порака.
Ќе ни биде задоволство да Ви одговориме во најкраток рок.