Почитувани
На ден 09.03.2019 година на воздушното стрелиште во Битола, се одржа Државното првенство за 2019-та година со воздушен пиштол и воздушна пушка, во машка и женска конкуренција – Меѓународна програма. На натпреварот настапија 50-тина стрелци од повеќе клубови кои постигнаа добри резултати.
Стрелачки клуб “Стрелец” Скопје на ова Државно првенство освои: 6 златни 4 сребрени и 4 бронзени медали.
Во категорија воздушен пиштол мажи - сениори златниот медал го освои Борјан Бранковски од С.К “Стрелец” потоа Томе Несторовски исто така од С.К “Стрелец кој мораше да се задоволи со второто место и на трето место се пласира Јордан Тасевски исто така од С.К “Стрелец”.
Во категорија воздушен пиштол мажи - јуниори исто така местата беа резервирани за С.К “Стрелец” и тоа на првата позиција беше Виктор Пандовски на втората Јован Лазоски и на третата Костантин Темелков.
Во категорија воздушен пиштол жени – сениорки на првата позиција со златен медал се закити Оливера Н.Бикова од С.К “Работнички”, на втората позиција исто така од С.К “Работнички” се искачи Натка Лазарева Симовска, додека на третото место овој пат беше Маја Чешелкоска од С.К “Херој Прилеп”.
Во категорија воздушен пиштол жени - јуниорки на првата позиција од С.К “Стрелец” се искачи Сара Томевска додека на втората Оја Али исто така од С.К “Стрелец”.
Во категорија воздушна пушка мажи – сениори на првата позиција се искачи Драгослав Кудрановиќ” од С.К “Стрелец” додека на втората позиција се пласира Мартин Ивановски од С.К “РЕК Битола.
Во категорија воздушна пушка мажи – јуниори на првата позиција од С.К “Стрелец” со златен медал се закити Бојан Симичиев, додека на втората позиција беше Ненад Антиќ од С.К “Велес“ и на третата позиција Јане Џингов исто така од С.К “Стрелец”.
Во категоријата воздушна пушка жени – сениорки првото место го освои Нина Балабан од С.К “Стрелец”, додека на втората позиција се пласира Ана Ивановска од С.К “РЕК Битола” и на трето место од С.К “Стрелец” се пласира Антонија А. Тасевска.
Кај девојките во категорија воздушна пушка жени – јуниорки Јована Милевска од С.К “Охрид” го освои златниот медал додека на втората позиција се пласира Божица Велкска од С.К “Стрелец” и на трето место од С.К “Кавадарци” се пласира Викторија Трајковска.
Покрај успешниот настап на стрелците од клубот на Државното првенство 2019 со воздушно оружје, Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје изразува голема благодарност до Гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин од Скопје во која се наоѓа стрелиштето на клубот за тоа што несебично отстапува простор за редовно спроведување на тренажниот процес на стрелците, кои на секој натпревар даваат се од себе за подобар личен и клубски пласман, со што успеваме да сме најтрофеен и најуспешен Стрелачки клуб во Р.Македонија.