IV-от КУП од лигата во 2014 г. одржан во стрелиштето во Штип.

На ден 05.10.2014 година на воздушното стрелиште во Штип, се одржа IV-от КУП од 2014 година со воздушен пиштол и воздушна пушка, во машка и женска конкуренција – меѓународна програма. На натпреварот настапија 30-тина стрелци од повеќе клубови кои постигнаа одлични резултати.

Во категорија воздушен пиштол – мажи првите две места беа резервирани за стрелците од СК “Стрелец” така што на првото место се искачи Тасевски Јордан од СК “Стрелец” со резултат 556 круга, веднаш до него на второто место беше Бранковски Борјан со резултат 553 кругови односно на прво место во јуниорска конкуренција. На трето место се пласира Костадиноски Живко со резултат 548 круга од СК “Работнички”.

Во категорија воздушен пиштол – жени, на првата позиција од СК “Стрелец” со добар резултат од 367 круга се искачи Лидија Крстеска додека на второто место овој пат беше Ангелеска Симона од СК “Стрелец” со резултат 361 круг а веднаш до неа со разлика од два круга помалку со 359 кругови беше Натка Л. Симовска од СК “Работнички”.

Во категорија воздушна пушка – мажи на првата позиција со доста добар резултат се искачи  Стефан Ѓоргиевски со резултат од 594,4 кругови од СК “РЕК Битола”. Веднаш до него на втората позиција се пласира Горан Здравески од СК “Охрид” со резултат од 579,8 круга, додека Емил Велјаноски од СК “Херој Прилеп” се пласира на третата позиција со резултат од 577,1 круга.

Кај девојките во категорија воздушна пушка – жени на првото место очекувано се искачи Нина Балабан од СК “Охрид” со одличен резултат од 405 кругови. Веднаш до неа на втората позиција беше Ивановска Ана од СК “РЕК Битола” со резултат од 397,9 круга, додека на третата позиција беше Ангела Алексовска од СК “Охрид” која имаше солиден резултат од 386,7 кругови .

Покрај успешниот настап на стрелците од клубот на IV-от КУП од лигата, Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје изразува голема благодарност до Гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин од Скопје во која се наоѓа стрелиштето на клубот за тоа што отстапува простор за редовно спроведување на тренажниот процес на стрелците, кои на секој натпревар даваат се од себе за подобар личен и клубски пласман, со што успеваме да сме најтрофеен и најуспешен Стрелачки клуб во Р.Македонија и се надеваме така ќе продолжиме.