3 златни, 3 сребрени и 4 бронзени медали за С.К “Стрелец” на Државното првенство 2017 со воздушно оружје од Mеѓународна програма.

Почитувани

На ден 06.05.2017 година на воздушното стрелиште во Битола, се одржа Државното првенство за 2017-та година со воздушен пиштол и воздушна пушка, во машка и женска конкуренција – Меѓународна програма. На натпреварот настапија 40-тина стрелци од повеќе клубови кои постигнаа одлични резултати.18426947_10211319151448191_2097768531_o

Стрелачки клуб “Стрелец” Скопје на ова Државно првенство освои: 3 златни 3 сребрени и 4 бронзени медали.

Во категорија воздушен пиштол мажи -  сениори златниот медал со изедначен резултат но подобра последна серија го освои Борјан Бранковски од С.К “Стрелец” со резултат 556 круга, од Јордан Тасевски кој со идентичен резултат од 556 кругови но послаба последна серија мораше да се задоволи со второто место, додека на трето место се пласира Томе Несторовски со резултат 553 круга исто така од С.К “Стрелец”.

Во категорија воздушен пиштол мажи -  јуниори исто така од С.К “Стрелец” на првата позиција беше Виктор Пандовски со резултат 493 круга.

18426126_10211319172288712_211992765_oВо категорија воздушен пиштол жени – сениорки на првата позиција со златен медал се закити Оливера Н.Бикова од С.К “Работнички” со резултат 376 кругови, на втората позиција исто така од С.К “Работнички” со резултат од 356 круга се искачи Натка Лазарева, додека на третото место овој пат беше Вероника Велковска од С.К “Стрелец” со резултат 316 круга. Во оваа категорија од нашите стрелци дебитираше и настапи Цвете Божиновска која со резултат од 283 круга се пласира на четвртата позиција.

18426535_10211319151208185_1381965266_o

 

Во категорија воздушна пушка мажи – сениори на првата позиција се искачи Мартин Ивановски од С.К “РЕК Битола” со резултат од 579,8 кругови, веднаш до него од С.К “Стрелец” на втората позиција се пласира Драгослав Кудрановиќ со резултат од 573,7 круга, додека Горан Секуловски од С.К “Стрелец” мораше да се задоволи со четвртата позиција со резултат од 530,9 круга. Останати стрелци од нашиот клуб кои настапија во оваа категорија се Јован Лазоски со резултат 495 круга на петатта позиција.

Во категорија воздушна пушка мажи – јуниори на првата позиција од С.К “Стрелец” убедливо со златен медал се закити Леон Јаневски со резултат од 595,4 кругови, додека на втората позиција беше Стефан Ѓорѓиевски од С.К “РЕК Битола со резултат од  588,8 кругови и на третата позиција Бојан Симичиев со резултат од 555,4 кругови од С.К “Стрелец”. Останати стрелци од нашиот клуб кои настапија во оваа категорија е Јане Џингов кој со испукани 553,8 круга се пласира на четвртата позиција.

18452439_10211319151168184_432989734_oВо категоријата воздушна пушка жени – сениорки првото место го освои Ана Ивановска од С.К “РЕК Битола” со резултат од 409,8 круга, додека на втората позиција со свој личен рекорд од С.К “Стрелец” се пласира Антонија А. Тасевска со резултат од 404 круга.

Кај девојките во категорија воздушна пушка жени – јуниорки Сара Томевска од С.К “Стрелец” го освои бронзениот медал исто така со свој личен рекорд испука одличен резултат од 396,9 круга, кој ја делеше за само 0,4 круга од сребрениот медал.

Со Државното првенство за 2017 година ја завршуваме првата половина од натпреварувачката сезона и ќе продолжиме одморени со нови повисоки резултати од септември за поголеми успеси на преостанатите Домашни и Меѓународни Купови кои не очекуваат од преостанатиот дел од натпреварувачката сезона за 2017 година.

18427073_10211319151408190_2073690632_oПокрај успешниот настап на стрелците од клубот на Државното првенство со воздушно оружје од лигата, Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје изразува голема благодарност до Гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин од Скопје каде што се наоѓа стрелиштето на клубот за тоа што отстапува простор за редовно спроведување на тренажниот процес на стрелците, кои на секој натпревар даваат се од себе за подобар личен и клубски пласман, со што успеваме да сме најтрофеен и најуспешен Стрелачки клуб во Р.Македонија и се надеваме така ќе продолжиме.