13-th International Open Shooting Tournament Grand Prix SKOPJE 2019

Стрелачки клуб “СТРЕЛЕЦ” Скопје ги известува и поканува своите активни членови, рекреативци, пријатели на клубот и љубители на спортското стрелаштво да земат учество или да бидат гости на 13-th International Open Shooting Tournament Grand Prix SKOPJE 2019.

ГЕНЕРАЛНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРАВИЛА за Grand Prix SKOPJE 2019

I. ПОКАНА:

pokana 2019

II. ПРОГРАМА:
Сабота, 11/05/2019 година
08:00 …. Почеток на натпреварите:
- Target Rifle …………………………. 100 метри……………………….. 20 истрели
- Target Rifle ………………………….. 300 метри…………………….. 20 истрели
- Open Rifle …………………………… 100 метри………………………. 20 истрели
- Open Rifle …………………………… 300 метри………………………. 20 истрели
15:30 … Доделување на признанија и наrради.

Недела, 12/05/2019 година
09:00 ….Свечено отварање на Grand Prix SKOPJE 2019
09:15 …..Почеток на натпреварите:
- Пиштол ………………………………………………………… 25 метри…………… 10 истрели
- Пиштол Спорт……………………………………………….. 25 метри………….. 10 истрели
- Револвер ……………………………………………………….. 25 метри………….. 10 истрели
- Пушкa ………………………………………………………….. 100 метри …………. 10 истрели
- Снајперска тактичка полуавтоматска пушка … 100 метри ………… 10 истрели
- Снајперска ловечка пушка……………………………..200 метри ……….. 10 истрели
15:30 …..Доделување на признанија и награди

posterTURNIR-2019-01

III. ПРАВИЛА за натправарувачките дисциплини:

- Пиштол ……………….. 25 метри ………………. 10 истрели.
Растојанието до метата е 25 метри. Метата е кружна со димензии ø 50 см. Ставот за гаѓање е стоечки. Пиштолот е со централно палење. Нишанскиот систем е механички. Не е дозволена употреба на електронски нишански систем (Red Dot, Aimpoint, Holosight, ласерски нишани и сл.)
Во оваа дисциплина се употребуваат стандардни пиштоли наменети за службена или цивилна употреба.
Некои од примерите за пиштоли кои можат да се употребуваат во оваа дисциплина се: Crvena Zastava (CZ-99, CZ -999, М-57, M-70, M-88 и др.) Ceska Zbrojovka (CZ 75, CZ 85 и др.) Glock (17, 19 и др.) Heckler and Koch (USP,P 2000 и др.) , Beretta (92 FS, 84 FS и др), Sig Saur (P220, P 226,Р 228, P 229 и др.), Walther (P 88, P 99, P 38, PPK и др.), Browning (HP, BDM и др.) како и модели на пиштоли на сите други производители за кои судиите по стрелаштво на натпреварот ќе одредат дека можат да се употребуваат во оваа дисциплина.
Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели.
Вреднувањето на постигнатите резултати е одделно во машка и женска конкуренција, во поединечен и или екипен настап. Екипите се составени од 3 натпреварувачи. Натпреварувачите кои се пријавуваат за екипен настап задолжително покрај пријавата за екипен настап, должни се да достават и пријава за поединечен настап.

- Пиштол Спорт …………… 25 метри ………………..10 истрели.
Растојанието до метата е 25 метри. Метата е кружна со димензии ø 50 см. Ставот за гаѓање е стоечки. Пиштолот е со централно палење. Нишанскиот систем е механички. Не е дозволена употреба на електронски нишански систем (Red Dot, Aimpoint, Holosight, ласерски нишани и сл.).
Во оваа дисциплина се употребуваат натпреварувачки пиштоли кои конструктивно се наменети за разни видови на натпревари во стрелаштво.
Некои од примерите за пиштоли кои можат да се употребуваат во оваа дисциплина се: Sig Sauer (P 210 Target, сериите на P 226: X-Fave и X-Six, 1911 MATCH ELITE STAINLESS, 1911 STAINLESS SUPER TARGET и сл.), Tanfoglio (STOCK 1, GOLD CUSTOM ERIC 2010, GOLD CUSTOM ERIC 2007, LIMITED CUSTOM, LIMITED, LIMITED PRO, STOCK/BUZZ, STOCK II, STOCK III, STOCK III SPECIAL, WITNESS 1911 CUSTOM, MATCH, GOLD MATCH, P21L, FORCE L, COMBAT SPORT, FORCE SPORT, GOLD CUSTOM XTREME, LIMITED CUSTОM ХTREME, GOLD MATCH XTREME, STOCK II XTREME, STOCK III XTREME и сл.), Bernardeli( Practical VP), Beretta (87 Target и сл.), Glock (model 34 и model 35 и сл. ), Walther (P 88 champion, GSP 32 и сл..), Benelli (MP 95 E, B 76 Sport и сл.) како и модели на пиштоли на сите други производители за кои судиите по стрелаштво на натпреварот ќе одредат дека можат да се употребуваат во оваа дисциплина.
Револвери не се дозволени.
Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели.
Вреднувањето на резултатите на сите натпреварувачите во оваа дисциплина е во поединечни настапи и во единствена конкуренција (нема посебна машка и женска конкуренција и нема екипи). Натпреварувачите доставуваат само пријава за поединечен настап.

- Револвер …………………. 25 метри ………….. 10 истрели.
Растојанието до метата е 25 метри. Метата е кружна со димензии ø 50 см. Ставот за гаѓање е стоечки. Револверот е со централно палење. Нишанскиот систем е механички. Не е дозволена употреба на електронски нишански систем (Red Dot, Aimpoint, Holosight, ласерски нишани и сл.).
Пиштоли не се дозволени.
Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели.
Вреднувањето на резултатите на сите натпреварувачите во оваа дисциплина е во поединечни настапи и во единствена конкуренција (нема посебна машка и женска конкуренција и нема екипи). Натпреварувачите доставуваат само пријава за поединечен настап.

- Пушка ………………… 100 метри ……………… 10 истрели.
Растојанието до метата е 100 метри. Метата е кружна со димензии ø 50 см. Ставот за гаѓање е лежечки. Се гаѓа од рамо и не е дозволено потпирање на предниот дел од пушката на мека подлога. Не е дозволена употреба на ногарки. Пушката е со централно палење. Пушката може да биде со систем за мануелно репетирање (примери: М-48, М-24, М-98 и сл.); со полуавтоматски систем на репетирање (примери: ПАП М-59/66 и сл.) или со автоматски систем за репетирање (примери: АК 47, АК 74, Застава М-70; Colt М-4, Heckler&Koch 223/308, Heckler&Koch G-36, Sig Sauer 550 и сл.). Пушките со автоматски систем за репетирање дозволено е да се употребуваат на натпреварот, само доколку со истите се гаѓа со полуавтомaтски режим на работа. Употреба на рафална стрелба не е дозволена. Нишанскиот систем е механички. Не е дозволена употреба на електронски нишански систем (Red Dot, Aimpoint, Holosight, ласерски нишани и сл.).
Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели.
Вреднувањето на резултатите на сите натпреварувачи во оваа дисциплина е во поединечен и/или екипен настап, во единствена конкуренција (нема вреднување на резултати посебно во машка и посебно во женска конкуренција).
Екипите се составени од 3 натпреварувачи. Натпреварувачите кои во оваа дисциплина се пријавуваат за екипен настап задолжително покрај пријавата за екипен настап, должни се да достават и пријава за поединечен настап.

- Снајперска ловна пушка ……………… 200 метри ……………. 10 истрели.
Растојанието до метата е 200 метри. Метата е кружна со димензии ø 35 см. Ставот за гаѓање е лежечки. Се гаѓа од рамо и е дозволено потпирање на предниот дел од пушката на мека подлога. Дoзволено е потпирање на кундакот на пушката на мека или тврда подлога. Не е дозволена употреба на ногарки. Дозволена е употреба на сите нишански системи: оптички нишан, Red Dot, Aim Рoint, Holosigt I sl.). Ласерски нишан не е дозволен. Снајперската ловен карабин е со централно палење и истиот може да биде со мануелен или полуавтоматски систем на репетирање. Дозволено е употреба на стандарден променлив магацин за муниција со капацитет до 5 куршуми додека кај фиксен магацин нема ограничување на капацитет. Дозволени се сите калибри. Не е дозволено користење на компензатор (гасна кочница), пиштолски ракохват и преклопен кундак. Вкупната маса на снајперскиот ловен карабин, вклучувајки ги сите прицврстени додатоци како што се нишанот и ремникот не смее да надминува 4,7 кг. Дебелината на цевката на пушката не смее да надминува 17 милиметри, мерено до 50 милиметри од почетокот на устата на цевката.
Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели.
Вреднувањето на резултатите на сите натпреварувачи во оваа дисциплина е во поединечен и/или екипен настап, во единствена конкуренција (нема вреднување на резултати посебно во машка и и посебно во женска конкуренција).
Екипите се составени од 3 натпреварувачи. Натпреварувачите кои во оваа дисциплина се пријавуваат за екипен настап задолжително покрај пријавата за екипен настап, должни се да достават и пријава за поединечен настап.

- Снајперска полуавтоматска тактичка пушка ……… 100 метри ………… 10 истрели.
Растојанието до метата е 100 метри. Метата е кружна со димензија ø 35 см. Ставот за гаѓање е лежечки. Се гаѓа од рамо и е дозволено потпирање на предниот дел од пушката на мека подлога како и користење на ногарки. Дозволена е употреба на пиштолски ракохват и преклопен кундак. Дозволена е употреба на сите видови на оптички нишан. Снајперската полуавтоматска тактичка пушка е со централно палење и со полуавтоматски систем за репетирање. Дозволенo e користење на компензатор (гасна кочница). Снајперската полуавтоматска тактичка пушка мора да има променлив магацин со капацитет поголем од 5 куршуми. Дозволена е употреба на сите калибри до .35 инчи (8,89 мм.).
Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели.
Примери на типови на полуавтоматски снајперски пушки кои можат да се користат во оваа дисциплина: Zastava М-76, Zastava М-91; Dragunov SWD, Hoeckler&Koch HK G3 SG 1; Hoeckler&Koch HK PSG 1, Hoeckler&Koch MR 223/308 и сл.
Вреднувањето на резултатите на натпреварувачите во оваа дисциплина е во поединечен и/или екипен настап, во единствена конкуренција (нема вреднување на резултати посебно во машка и и посебно во женска конкуренција).
Екипите се составени од 3 натпреварувачи. Натпреварувачите кои во оваа дисциплина се пријавуваат за екипен настап задолжително покрај пријавата за екипен настап, должни се да достават и пријава за поединечен настап.

- TARGET RIFLE ………………………. 100 метри ………………………… 20 истрели.
Пушката е ограничена на следните немодифицирани калибри: .223 Remington ( 5,56×45мм NATO); .308 Winchester ( 7,62×51 mm NATO), 8×57 IS (7,9 mm Mauser) и 7,62 x54 R.
Со пушката се гаѓа од двоногарки (бипод) кој се цврсто прикачени за оружјето и/или со ремник. Било кој бипод кој ја исполнува дефиницијата за бипод може да се користи и неговата тежина влегува во вкупната маса на пушката. Било кој безбеден рачен систем за чкрапање е дозволен. Дозволени се сите нишански системи, но нивната маса мора да бидат вклучена во вкупната маса на пушката.
Вкупната маса на пушката, вклучувајќи ги сите прицврстени додатоци како што се нишанот, ремникот и ногарките (биподот) не смее да ја надмине масата од 8,25 кг. Како додаток се подразбира било каков предмет освен натпреварувачот со облеката, кој делумно или целосно се придвижува заедно со оружјето или кој е прицврстен односно здружен со пушката на било каков начин и се придвижува при секој истрел дури и ако незначително оружјето се поместува од потпорниот наслон.
Гаѓањето е во лежечка положба од рамото на натпреварувачот. Двоногарката или ремникот се единствена дозволена предна поддршка на пушката. Пушката може да биде придржана со бипод и/или ремник и заден наслон кој не овозможува механички метод на враќање на иста нишанска точка, при што:
(1) Двоногарката и/или ремникот и задниот наслон не смеат да бидат поврзани едно со друго.
(2) Употребата на било каква маса е забрането. Под предниот/задниот наслон дозволени е да се постават одвоени рамни плочи чии димензии не ги поминуваат димензиите на индивидуалните наслони за повеќе од 5 cм. Во случај на користење на двоногарки, ширината на плочата кај ногарките не смее да надминува 5 см ниту повеќе од 30 см од напред до назад. На овие плочи не се дозволени испакнини и не е дозволена употреба на шрафови за нивелирање. Плочите мораат да бидат рамни од горната и долната страна.
(3) Двоногарка (бипод) е направа со не повеќе од две ногарки кои го допираат тлото. Taa мора да биде цврсто монтиранa на предниот дел од пушката. Двоногарката може да има ногарки кои се на прекршување или ногарки кои не се на прекршување и може да има можност за подесување со цел да се компензира нерамната подлога на положбата за гаѓање.
(4) Ниту еден дел од кундакот (задниот дел) или поткундакот не смеат да бидат директно допрени на тлото или на било која тврда површина. Како задни наслони можат да се користат „зајачки уши“, мали вреќички со песок или раката во ракавица. При користење на било кој тип на заден наслон, истиот не смее да биде прицврстен, закачен или придржан за пушката на било кој начин. Механички подесиви задни наслони не се дозволени.
(5) Било колку и било какви предмети може да се постават под двоногарките и под задниот наслон за да ги компензираат варијациите на положбата за гаѓање по висина или косина.
(6) Двоногарките и задниот наслон можат да бидат подесувани после секое истрелување за да се компензира движењето на подлогата односно нејзината девијација. Ремникот може да се користи со наслонот меѓутоа неговата маса мора да биде вклучена во вкупната маса на пушката.
Дозволен е заден мек наслон. Не е дозволена употреба на гасна кочница.
Важи правилото – „еден стрелец една пушка“ т.е. во оваа дисциплина со една иста пушка не смеат да се натпреваруваат два или повеќе стрелци. Растојанието до метата е 100 метри. Се пука во една мета која што содржи осум помали мети (со пречник 13 cм и центар од 9 мм.) од кои што првата мета е пробна, а другите 7 мети се за меч. Во секоја мета се пука по 3 истрели освен во последната мета во која се пука по два истрела. Вкупно 20 истрели.
Вреднувањето на резултатите на натпреварувачите во оваа дисциплина е во поединечен и/или екипен настап, а машките и женските натпреварувачи настапуваат во единствена конкуренција (нема вреднување на резултати посебно во машка и и посебно во женска конкуренција).
Екипите се составени од 3 или 4 натпреварувачи. Доколку екипата е составена од 4 натпреварувачи, за екипен настап се вреднуваат само највисоките резултатите на 3-те натпреварувачи од екупата. Натпреварувачите кои во оваа дисциплина се пријавуваат за екипен настап задолжително покрај пријавата за екипен настап, должни се да достават и пријава за поединечен настап.

- TARGET RIFLE ……………………………. 300 метри ………………………… 20 истрели.
Растојанието до метата е 300 метри. Метата е кружна со димензии ø 43,4 cm (кругот 10 е со ø 42 мм). Дозволено време за подготовка и проба е 10 минути во кое не е ограничен бројот на пробните истрели. Мечот се состои од 20 истрели за оценување за време од 20 минути. Се гаѓа во 2 мети (2х10 истрели).
Сите останати правила во оваа дисциплина се еднакви со правилата за дисциплината: Тarget Riflе …… 100 метри …..20 истрели.

- OPEN RIFLE ………………………………….. 100 метри …………………………. 20 истрели.
Пушката е ограничена на калибар не поголем од .35 инчи (8,89 мм.)
Пушка на шини и метода на прецизно механичко враќање на иста точка на нишанење за наредниот истрел, не се дозволени. Било кој безбеден рачен систем за чкрапање е дозволен. Дозволени се сите нишански системи, но мора да бидат вклучени во вкупната маса на пушката.
Вкупната маса на пушката вклучувајќи ги сите додатоци како нишан и ногарки не смее да надмине 10 кг. Како додаток се подразбира било каков предмет освен натпреварувачот со облеката, кој делумно или целосно се придвижува заедно со оружјето или кој е прицврстен односно здружен со пушката на било каков начин и се придвижува при секој истрел дури и ако незначително оружјето се поместува од потпорниот наслон.
Ширината на предниот подкундак не смее да прејде 76 мм.
Гаѓањето е во лежечка позиција од рамото на натпреварувачот користејќи наслони за пушка. Пушката може да биде придржана на било каков начин кој не овозможува механички метод на враќање на иста нишанска точка, при што:
(1) Не смеат да се користат повеќе од два наслона. При користење на два наслона, истите не смеат да бидат поврзани еден со друг.
(2) Употребата на било каква маса (табла) е забрането. Одвоени рамни плочи чии димензии не ги поминуваат димензиите на индивидуалните наслони за повеќе од 5 cм, се дозволени да се постават под предниот/задниот наслон. Шрафовите за нивелирање или испакнатини не се дозволени на овие плочи. Плочите мораат да бидат рамни од горната и долната страна.
(3) Предниот наслон може да се користи или за потпирање на крајот на пушката или за потпирање на предната рака. Доколку предниот наслон е прицврстен за пушката тогаш истиот влегува во вкупната маса на пушката.

(4) Ниту еден дел од кундакот на пушка или пиштолскиот ракохват не смеат да бидат поставени директно на земја или на било тврда површина. Покрај тоа задниот наслон не смее да биде прикачен или стегнат за пушката на било кој начин. Механички прилагодливи задни наслони не се дозволени.
(5) Како алтернатива на точките 3 и 4 пушката може да биде потпрена на едноставна централна поддршка како свиткана јакна, крпа, кебе или вреќички полнети со песок или со друга материја.
(6) Било колку и било какви предмети може да се постават под секој наслон за да ги компензираат варијациите во висина или косина на положбата за гаѓање или да го редуцираат нејзиното вртење.
(7) Предниот наслон или база може да има до три зашилени ногарки кои можат да се втиснат во земја до 50 мм, под услов ова да не предизвика оштетување на позицијата за гаѓање.
(8) Наслоните можат да се подесуваат после секое истрелување за да се компензира движењето или набивањето. Ремникот може да се користи поврзан со наслоните и при тоа неговата тежина влегува во вкупната тежина на пушката.
Важи правилото – „еден стрелец една пушка“ т.е. во оваа дисциплина со една иста пушка не смеат да се натпреваруваат два или повеќе стрелци.
Не е дозволена е употреба на гасна кочница.
Растојанието до метата е 100 метри. Се пука во една мета која што содржи осум помали мети (со пречник 13 cm и центар од 9 мм.) од кои што првата мета е пробна, а другите 7 мети се за меч. Во секоја мета се пука по 3 истрели освен во последната мета во која се пука по два истрела. Вкупно 20 истрели.
Вреднувањето на резултатите на натпреварувачите во оваа дисциплина е во поединечен и/или екипен настап, а машките и женските натпреварувачи настапуваат во единствена конкуренција (нема вреднување на резултати посебно во машка и и посебно во женска конкуренција).
Екипите се составени од 3 или 4 натпреварувачи. Доколку екипата е составена од 4 натпреварувачи, за екипен настап се вреднуваат само највисоките резултатите на 3-те натпреварувачи од екипата. Натпреварувачите кои во оваа дисциплина се пријавуваат за екипен настап задолжително покрај пријавата за екипен настап, должни се да достават и пријава за поединечен настап.

- OPEN RIFLE ………………………………….. 300 метри …………………………. 20 истрели.
Растојанието до метатата е 300 метри. Метата е кружна со димензии ø 43,4 cm (кругот 10 е со ø 42 мм). Дозволено време за подготовка и проба е 10 минути во кое не е ограничен бројот на пробните истрели. Мечот се состои од 20 истрели за оценување за време од 20 минути. Се гаѓа во 2 мети (2х10 истрели).
Сите останати правила во оваа дисциплина се еднакви со и правилата за дисциплината: Open Riflе …… 100 метри …..20 истрели.

IV. ПРИЈАВУВАЊЕ:
Пополнетите пријави за натпреварување на 13 Интернационален отворен турнир цо стрелаштво Grand Prix SKOPJE 2019 можат да се достават до Македонската Спортска Стрелачка Федерација (МССФ) во период од 22 Април 2019 година се до 11 Мај 2019 година најдоцна до 08:00 часот за натпреварите кои се одржуваат тој ден, односно до 12 Мај 2019 година најдоцна до 09:15 часот за натпреварите кои се одржуваат ден.
Натпреварувачите кои поднесуваат пријава за екипно натпреварување во соодветната дисциплина мора да поднесат и пријави за поединечно натпреварување во истата дисциплина.
Заинтерисираните лица пријавите за учество на Интернационален отворен турнир во стрелаштво Grand Prix SKOPJE 2019, можат да ги подигнат од седиштето на Македонската Спортска Стрелачка Фдерација кое се наоѓа на ул. Даме Груев бр. 28, секој работен ден во период од 09:00-15:00 часот почнувајќи од 22 Април 2019 година.

V. КОТИЗАЦИЈА:
1. Котизацијата за поединечно учество на турнирот во сабота на 11.05.2019 година во двете дисциплините TARGET RIFLE 100 и TARGET RIFLE 300 метри за секој натпреварувач изнесува вкупно 1200 денари.
Котизацијата за поединечно учество на турнирот во сабота на 11.05.2019 година во двете дициплините OPEN RIFLE 100 и OPEN RIFLE 300 метри за секој натпреварувач изнесува вкупно 1200 денари.
Котизацијата за натпреварувачите кои ќе настапат во сабота na 11.05.2019 година во сите четири дисциплини: TARGET RIFLE 100 метри, TARGET RIFLE 300 метри, OPEN RIFLE 100 метри и OPEN RIFLE 300 метри, изнесува вкупно 1800 денари.
2. Котизацијата за поединечно учество на турнирот во недела на 12.05.2019 година (во дисциплините пиштол, пиштол спорт, револвер, пушка, снајперска ловна пушка и снајперска полуавтоматска тактичка пушка) за секој натпреварувач изнесува 600 денари (при што обезбедува настап во една дисциплина во поединечна и (или) екипна конкуренција, а за настап на натпреварувалот во секоја наредна дисциплина се плаќа по 300 денари по дисциплина.
Оружјето и муницијата за натпреварите на турнирот ги обезбедуваат самите натпреварувачи.

VI. СТРЕЛИШТЕ:
Интернационалниот отворен тирнир во стрелаштво Grand Prix SKOPJE 2019 ќе се одржи на 11 и 12 Мај 2019 година на спортското стрелиште КАМНИК во Скопје.
За сите подетални информации можете да се обратите до Македонската Спортска Стрелачка Федерација (МССФ), по Е-mail: mssf@t.mk или тел. 02/ 316 3355

image002

58916963_384916785436435_9158887994873085952_n