12-th International Open Shooting Tournament Grand Prix SKOPJE 2018

2018-pokana_MK-01

ПРОГРАМА:

Сабота, 12/05/2018 година

08:00 Пoчетoк на натпреварите:

Target Rifle …………………………. 100 + 300 метри…………………………20+20 истрели

Open Rifle …………………………… 100 + 300 метри………………………20+20 истрели

15:30  Дoделување на признанија и наrради.

Недела, 13/05/2018 година

09:00 Свечено отварање на Grand Prix SKOPJE 2018

09:15   Почеток на натпреварите:

Пиштол ……………………………………………………………. 25 метри…………… 10 истрели

Револвер ………………………………………………………… 25 метри…………… 10 истрели

Пушкa ……………………………………………………………….100 метри …………..10 истрели

Снајперска ловечка пушка………………………………100 метри …………..10 истрели

Снајперска тактичка полуавтоматска пушка …100 метри …………..10 истрели

15:30 Доделување на признанија и награди

ПРАВИЛА за натправарувачките дисциплини:

Пиштол……….. 25 метри ……….10 истрели.

Растојанието до метата е 25 метри. Метата е кружна со димензии ø 50 см. Ставот за гаѓање е стоечки. Пиштолот е со централно палење. Нишанскиот систем е механички. Не е дозволена употреба на електронски нишански систем (Red Dot, Aimpoint, Holosight, ласерски нишани и сл.). Револвери не се дозволени. Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели. Вреднувањето на постигнатите резултати е одделно во машка и женска конкуренција, во поединечен и екипен настап. Екипите се составени од 3 натпреварувачи. Натпреварувачите кои се пријавуваат за екипен настап задолжително покрај пријавата за екипен настап, должни се да достават и пријава за поединечен настап.

Револвер………… 25 метри ……… 10 истрели.

Растојанието до метата е 25 метри. Метата е кружна со димензии ø 50 см. Ставот за гаѓање е стоечки. Револверот е со централно палење. Нишанскиот систем е механички. Не е дозволена употреба на електронски нишански систем (Red Dot, Aimpoint, Holosight, ласерски нишани и сл.). Пиштоли не се дозволени. Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели. Вреднувањето на резултатите на сите натпреварувачи во оваа дисциплина е во поединечни настапи и во единствена конкуренција (нема посебна машка и женска конкуренција и нема екипи). Натпреварувачите доставуваат само пријава за поединечен настап.

Пушка ……….. 100 метри ………. 10 истрели.

Растојанието до метата е 100 метри. Метата е кружна со димензии ø 50 см. Ставот за гаѓање е лежечки. Се гаѓа од рамо и не е дозволено потпирање на предниот дел oд пушката на мека пoдлoга. Не е дoзвoлена упoтреба на нoгарки. Пушката е сo централнo палење. Пушката може да биде со систем за мануелно репетирање (примери: М-48, М-24, М-98 и сл.); со полуавтоматски систем на репетирање (примери: ПАП М-59/66 и сл.) или со автоматски систем за репетирање (примери: АК 47, АК 74, Застава М-70; Colt М-4, Heckler&Koch 223/308, Heckler&Koch G-36, Sig Sauer 550). Пушките со автоматски систем за репетирање дозволено е да се употребуваат на натпреварот, само доколку со истите се гаѓа со полуавтомaтски режим на работа. Употреба на рафална стрелба не е дозволена. Нишанскиот систем е механички. Не е дозволена употреба на електронски нишански систем (Red Dot, Aimpoint, Holosight, ласерски нишани и сл.).
Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели. Вреднувањето на резултатите на сите натпреварувачи во оваа дисциплина е во поединечен или екипен настап, во единствена конкуренција (нема вреднување на резултати посебно во машка и посебно во женска конкуренција). Екипите се составени од 3 натпреварувачи. Натпреварувачите кои во оваа дисциплина се пријавуваат за екипен настап задолжително покрај пријавата за екипен настап, должни се да достават и пријава за поединечен настап.

Снајперска ловна пушка ……………… 100 метри ……………. 10 истрели.

Растојанието до метата е 100 метри. Метата е кружна со димензии ø 35 см. Ставот за гаѓање е лежечки. Се гаѓа од рамо и е дозволено потпирање на предниот дел од пушката на мека подлога. Дoзволено е потпирање на кундакот на пушката на мека или тврда подлога. Не е дозволена употреба на ногарки. Дозволена е употреба на сите нишански системи: оптички нишан, Red Dot, Aim Рoint, Holosigt I sl. Ласерски нишан не е дозволен. Снајперската ловен карабин е со централно палење и истиот може да биде со мануелен или полуавтоматски систем на репетирање. Дозволено е употреба на стандарден променлив магацин за муниција со капацитет до 5 куршуми додека кај фиксен магацин нема ограничување на капацитет. Дозволени се сите калибри. Не е дозволено користење на компензатор (гасна кочница), пиштолски ракохват и преклопен кундак. Вкупната маса на снајперскиот ловен карабин, вклучувајки ги сите прицврстени додатоци како што се нишанот и ремникот не смее да надминува 4,7 кг. Дебелината на цевката на пушката не смее да надминува 17 мм. Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели. Вреднувањето на резултатите на сите натпреварувачи во оваа дисциплина е во поединечен или екипен настап, во единствена конкуренција (нема вреднување на резултати посебно во машка и посебно во женска конкуренција). Екипите се составени од 3 натпреварувачи. Натпреварувачите кои во оваа дисциплина се пријавуваат за екипен настап задолжително покрај пријавата за екипен настап, должни се да достават и пријава за поединечен настап.

Снајперска полуавтоматска тактичка пушка …………100 метри……. 10 истрели.

Растојанието до метата е 100 метри. Метата е кружна со димензија ø 35 см. Ставот за гаѓање е лежечки. Се гаѓа од рамо и е дозволено потпирање на предниот дел од пушката на мека подлога како и користење на ногарки. Дозволена е употреба на пиштолски ракохват и преклопен кундак. Дозволена е употреба на сите видови на оптички нишан. Снајперската полуавтоматска тактичка пушка е со централно палење и со полуавтоматски систем за репетирање. Дозволенo e користење на компензатор (гасна кочница). Снајперската полуавтоматска тактичка пушка мора да има променлив магацин со капацитет поголем од 5 куршуми. Дозволена е употреба на сите калибри до .35 инчи (8,89 мм.). Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели.

Примери на типови на полуавтоматски снајперски пушки кои можат да се користат во оваа дисциплина: Zastava М-76, Zastava М-91; Dragunov SWD, Hoeckler&Koch HK G3 SG 1; Hoeckler&Koch HK PSG 1, Hoeckler&Koch MR 223/308 и сл. Вреднувањето на резултатите на натпреварувачите во оваа дисциплина е во поединечен и/или екипен настап, во единствена конкуренција (нема вреднување на резултати посебно во машка и посебно во женска конкуренција). Екипите се составени од 3 натпреварувачи. Натпреварувачите кои во оваа дисциплина се пријавуваат за екипен настап задолжително покрај пријавата за екипен настап, должни се да достават и пријава за поединечен настап.

TARGET RIFLE ………………. 100+300 метри ……………20+20 истрели

Пушката е ограничена на следните немодифицирани калибри: .223 Remington ( 5,56×45мм NATO); .308 Winchester ( 7,62×51 mm NATO), 8×57 IS (7,9 mm Mauser) и 7,62 x54 R. Со пушката се гаѓа од двоногарки (бипод) кој се цврсто прикачени за оружјето и/или со ремник. Било кој бипод кој ја исполнува дефиницијата за бипод може да се користи и неговата тежина влегува во вкупната маса на пушката. Било кој безбеден рачен систем за чкрапање е дозволен. Дозволени се сите нишански системи, но нивната маса мора да бидат вклучена во вкупната маса на пушката. Вкупната маса на пушката, вклучувајќи ги сите прицврстени додатоци како што се нишанот, ремникот и ногарките (биподот) не смее да ја надмине масата од 8,25 кг. Како додаток се подразбира било каков предмет освен натпреварувачот со облеката, кој делумно или целосно се придвижува заедно со оружјето или кој е прицврстен односно здружен со пушката на било каков начин и се придвижува при секој истрел дури и ако незначително оружјето се поместува од потпорниот наслон. Гаѓањето е во лежечка положба од рамото на натпреварувачот. Двоногарката или ремникот се единствена дозволена предна поддршка на пушката. Пушката може да биде придржана со бипод и/или ремник и заден наслон кој не овозможува механички метод на враќање на иста нишанска точка, при што:

(1) Двоногарката и/или ремникот и задниот наслон не смеат да бидат поврзани едно со друго.

(2) Употребата на било каква маса е забрането. Под предниот/задниот наслон дозволено е да се постават одвоени рамни плочи чии димензии не ги поминуваат димензиите на индивидуалните наслони за повеќе од 5 cм. Во случај на користење на двоногарки, ширината на плочата кај ногарките не смее да надминува 5 см ниту повеќе од 30 см од напред до назад. На овие плочи не се дозволени испакнини и не е дозволена употреба на шрафови за нивелирање. Плочите мораат да бидат рамни од горната и долната страна.

(3) Двоногарка (бипод) е направа со не повеќе од две ногарки кои го допираат тлото. Taa мора да биде цврсто монтиранa на предниот дел од пушката. Двоногарката може да има ногарки кои се на прекршување или ногарки кои не се на прекршување и може да има можност за подесување со цел да се компензира нерамната подлога на положбата за гаѓање.
(4) Ниту еден дел од кундакот (заднипт дел) или поткундакот не смеат да бидат директно допрени на тлото или на било која тврда површина. Како задни наслони можат да се користат „зајачки уши“, мали вреќички со песок или раката во ракавица. При користење на било кој тип на заден
наслон, истиот не смее да биде прицврстен, закачен или придржан за пушката на било кој начин. Механички подесиви задни наслони не се дозволени.

(5) Било колку и било какви предмети може да се постават под двоногарките и под задниот наслон за да ги компензираат варијациите на положбата за гаѓање по висина или косина.

(6) Двоногарките и задниот наслон можат да бидат подесувани после секое истрелување за да се компензира движењето на подлогата односно нејзината девијација. Ремникот може да се користи со наслонот меѓутоа неговата маса мора да биде вклучена во вкупната маса на пушката.

Дозволен е заден мек наслон. Не е дозволена употреба на гасна кочница.

Важи правилото – „еден стрелец една пушка“ т.е. во оваа дисциплина со една иста пушка не смеат да се натпреваруваат два или повеќе стрелци.
1. Растојанието дo метата е 100 метри. Се пука вo една мета кoја штo сoдржи oсум пoмали мети (сo пречник 13 cм и центар oд 9 мм.) oд кoи штo првата мета е прoбна, а другите 7 мети се за меч. Вo секoја мета се пука пo 3 истрели oсвен вo пoследната мета вo кoја се пука пo два истрела. Вкупнo 20 истрели.
2. Растoјаниетo дo метата е 300 метри. Метата е кружна сo димензии ø 43,4 cm (кругoт 10 е сo ø 42 мм). Дoзвoленo време за пoдгoтoвка и прoба е 10 минути вo кoе не е oграничен брoјoт на прoбните истрели. Мечoт се сoстoи oд 20 истрели за oценување за време од 20 минути. Се гаѓа во 2 мети (2х10 истрели).
Вреднувањето на резултатите на натпреварувачите во оваа дисциплина е во поединечен и/или екипен настап, при што се собираат на резултатите од 100 и 300 метри, а машките и женските натпреварувачи настапуваат во единствена конкуренција (нема вреднување на резултати посебно во машка и посебно во женска конкуренција). Екипите се составени од 3 или 4 натпреварувачи. Доколку екипата е составена од 4 натпреварувачи, за екипен настап се вреднуваат само највисоките резултатите на 3-те натпреварувачи од екипата. Натпреварувачите кои во оваа дисциплина се пријавуваат за екипен настап задолжително покрај пријавата за екипен настап, должни се да достават и пријава за поединечен настап.

OPEN RIFLE ……………100+300 метри………………20+20 истрели.

Пушката е oграничена на калибар не пoгoлем oд .35 инчи (8,89 мм.) Пушка на шини и метoда на прецизнo механичкo враќање на иста точка на нишанење за наредниот истрел, не се дозволени. Било кој безбеден рачен систем за чкрапање е дозволен. Дозволени се сите нишански системи, но мора да бидат вклучени во вкупната маса на пушката. Вкупната маса на пушката вклучувајќи ги сите додатоци како нишан и ногарки не смее да надмине 10 кг. Како додаток се подразбира било каков предмет освен натпреварувачот со облеката, кој делумно или целосно се придвижува заедно со оружјето или кој е прицврстен односно здружен со пушката на било каков начин и се придвижува при секој истрел дури и ако незначително оружјето се поместува од потпорниот наслон.

Ширината на предниот подкундак не смее да прејде 76 мм. Гаѓањето е во лежечка позиција од рамото на натпреварувачот користејќи наслони за пушка. Пушката може да биде придржана на било каков начин кој не овозможува механички метод на враќање на иста нишанска точка, при што: (1) Не смеат да се користат повеќе од два наслона. При користење на два наслона, истите не смеат да бидат поврзани еден со друг.

(2) Употребата на било каква маса (табла) е забрането. Одвоени рамни плочи чии димензии не ги поминуваат димензиите на индивидуалните наслони за повеќе од 5 cм, се дозволени да се постават под предниот/задниот наслон. Шрафовите за нивелирање или испакнатини не се дозволени на овие плочи. Плочите мораат да бидат рамни од горната и долната страна.

(3) Предниот наслон може да се користи или за потпирање на крајот на пушката или за потпирање на предната рака. Доколку предниот наслон е прицврстен за пушката тогаш истиот влегува во вкупната маса на пушката.

(4) Ниту еден дел од кундакот на пушка или пиштолскиот ракохват не смеат да бидат поставени директно на земја или на било која тврда површина. Покрај тоа задниот наслон не смее да биде прикачен или стегнат за пушката на било кој начин. Механички прилагодливи задни наслони не се дозволени.

(5) Како алтернатива на точките 3 и 4 пушката може да биде потпрена на едноставна централна поддршка како свиткана јакна, крпа, кебе или вреќички полнети со песок или со друга материја.

(6) Било колку и било какви предмети може да се постават под секој наслон за да ги компензираат варијациите во висина или косина на положбата за гаѓање или да го редуцираат нејзиното вртење.

(7) Предниот наслон или база може да има до три зашилени ногарки кои можат да се втиснат во земја до 50 мм, под услов ова да не предизвика оштетување на позицијата за гаѓање.

(8) Наслоните можат да се подесуваат после секое истрелување за да се компензира движењето или набивањето. Ремникот може да се користи поврзан со наслоните и при тоа неговата тежина влегува во вкупната тежина на пушката. Важи правилото – „еден стрелец една пушка“ т.е. во оваа дисциплина со една иста пушка не смеат да се натпреваруваат два или повеќе стрелци. Не е дозволена употреба на гасна кочница.
1. Растојанието до метата е 100 метри. Се пука во една мета која што содржи осум помали мети (со пречник 13 cm и центар од 9 мм.) од кои што првата мета е пробна, а другите 7 мети се за меч. Во секоја мета се пука по 3 истрели освен во последната мета во која се пука по два истрела. Вкупно 20 истрели.
2. Растојанието до метатата е 300 метри. Метата е кружна со димензии ø 43,4 cm (кругот 10 е со ø 42 мм). Дозволено време за подготовка и проба е 10 минути во кое не е ограничен бројот на пробните истрели. Мечот се состои од 20 истрели за оценување за време од 20 минути. Се гаѓа во 2 мети (2х10 истрели).

ПРИЈАВУВАЊЕ: Пополнетите пријави за натпреварување на 12ти Интернационален отворен турнир во стрелаштво Grand Prix SKOPJE 2018 мора да се достават до Македонската Спортска Стрелачка Федерација (МССФ) на стрелиштето на денот на натпреварот најдоцна до 08:00 часот на 12.05.2018 година и до 09:00 часот на 13.05.2018 година. Натпреварувачите кои поднесуваат пријава за екипно натпреварување во соодветната дисциплина мора да поднесат и пријави за поединечно натпреварување во истата дисциплина.

КОТИЗАЦИЈА:
1. Котизацијата за поединечно учество на турнирот во сабота на 12.05.2018 година во конкуренција TARGET RIFLE 100+300 метри или OPEN RIFLE 100+300 метри за секој натпреварувач изнесува 1200 денари (20 евра), при што обезбедува настап во една конкуренција TR и (или) OR.
Котизацијата за натпреварувачите кои ќе настапат во двете конкуренции (TARGET RIFLE 100+ 300 метри и OPEN RIFLE 100+300 метри) изнесува 1800 денари (30 евра).
2. Котизацијата за поединечно учество на турнирот во недела на 13.05.2018 година (во дисциплините пиштол, револвер, пушка, снајперска ловна пушка и снајперска полуавтоматска тактичка пушка) за секој натпреварувач изнесува 600 денари (10 евра), при што обезбедува настап во една дисциплина во поединечна и (или) екипна конкуренција. За настап во секоја наредна дисциплина се плаќа по 300 денари (5 евра) по дисциплина.
Секој натпреварувач кој платил котизација за поединечно учество на натпреварот ќе добие „натпреварувачки пакет“ кој се состои од: натпреварувачка ИД картичка, безалкохолен освежителен пијалок, леток за натпреварот со програма, правила за безбедно ракување со оружје за време на натпревар, промотивен материјал од спонзорите или покровителите на манифестацијата.

СТРЕЛИШТЕ: Интернационалниот отворен турнир во стрелаштво Grand Prix SKOPJE 2018 ќе се одржи на 12 и 13 Мај 2018 година на спортското стрелиште КАМНИК во Скопје.

СМЕСТУВАЊЕ: Натпреварувачите од странство кои учествуваат на турнирот можат да се обратат до МССФ за неопходните информации во врска со хотелското сместување во Скопје.

ПОДАТОЦИ ЗА ОРУЖЈЕТО И МУНИЦИЈАТА ЗА ПРЕМИН НА ГРАНИЦА
Натпреварувачите од странство треба најкасно до 3 Мај 2018 г. да достават до МССФ преку е-маил: mssf@t.mk податоци неопходни за премин на државната граница: име и презиме, број на пасош, марка и регистарски број на возилото со кое доаѓаат, граничен премин на кој влегуваат во Република Македонија, датум на преоѓање на границата, марка и тип на оружјето, калибар, фабрички број, број и калибар на куршумите кои ги носат се себе. На странските натпреварувачи доколку е потребно МССФ ќе им испрати лична поименична покана за учество.

СИГУРНОСТ:
Сигурното ракување со огненото оружје мора да биде стриктно почитувано во секој поглед!
Натпреварувачите на стрелиштето пристигнуваат со ненаполнето оружје со муниција и пред почеток на натпреварот истото подлежи на техничка контрола од страна на организаторот на натпреварот.
Со огненото оружје може да се ракува само на огнената линија по претходно одобрување од судиите на натпреварот и на ниту едно друго место! Огненото оружје секогаш мора да биде насочено во безбедна насока!
Освен за време на гаѓањето, огненото оружје секогаш мора да биде со отворен затворач или заклучено, визуелно осигурено и со изваден магацин!
Внимание – на стрелиштето заштитната опрема за заштита на слухот и видот е задолжителна за секој учесник!
Секој натпреварувач се натпреварува на свој сопствен ризик!

За сите подетални информации можете да се обратите до Македонската Спортска Стрелачка Федерација (МССФ), Е-mail: mssf@t.mk или

тел. 00389 2 316 33 55