ОСТВАРЕНА ПРВАТА ОЛИМПИСКА НОРМА ВО СПОРТСКО СТРЕЛАШТВО Бранковски е поблиску до Токио 2020!!!

Во период од 01-15 септември 2018 година се одржа Светското првенство за стрелаштво во сите дисциплини во Changwon – Korea каде што na 6 ти септември свој настап во дисциплината воздушен пиштол мажи 60 имаше Борјан Бранковски кој оствари висок резултат од 570 кругови и пласман на 66 то место од 116 учесници. Постигнатиот пласман е најдобар во спортското стрелаштво во дисциплината воздушен пиштол 60 но и воздушна пушка мажи и жени постигнат на едно Светско првенство за Македонија на кое конкуренцијата е извонредно силна.
Одличниот резултат кој е високо над минималната олимписка норма која изнесува 563 беше остварен со пиштол кој е стар повеќе од 15 години и кој единствено е редовно сервисиран.41141896_309045403259791_5498416217511165952_n

Овој голем успех на Борјан Бранковски е и голем успех на Македонија, а истиот доаѓа од најдобриот Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје во Македонија од каде што произлегуваат многу стрелци од сите категории и дисциплини кои исполнуваат високи резултати и олимписки норми а посебно во дисциплината воздушен пиштол која е далеку потешка дисциплина за разлика од воздушна пушка.
Големиот успех и исполнување на првата Олимписка норма за Македонија и тоа повторно во спортско стрелаштво во олимпискиот циклус за учество на ЛОИ Токио 2020 е знак дека спортското стрелаштво е редовен учесник на олимписките игри. Oвој успех немаше да биде остварен без поддршка на Македонската Спортска Стрелачка Федерација, Агенцијата за млади и спорт на Р.М и неговиот клубски тренер Јордан Тасевски.

Борјан Бранковски е докажан стрелец кој покрај тоа што бил повеќе кратен државен првак и рекордер на Македонија истиот остварил и претходно високи резултати на меѓународните натпревари, истиот се потруди да даде се од себе и да ја претстави Македонија достоинствено на ова Светско првенство во Кореа 2018.
Во иднина се очекува од истиот на наредните меѓународни натпревари да го подобри својот резултат и да се избори за пласман и во финалната борба за медал во која учествуваат најдобрите 8 пласирани стрелци на секој натпревар.
Се надеваме дека овој пат конечно Македонскиот Олимписки Комитет ќе има слух и по неколкуте одбивања да го стипендираат Борјан Бранковски за кој ќе најдат начин да го поддржат и овој талентиран македонски спортист како и останатите.

На ова Светско првенство на 3 ти септември настапи и Јане Џингов кој веќе има исполнето минимална олимписка норма со резултат од 602,6 кругови која му обезбедува учество на Младински Олимписки игри 2018 со пушка исто така стара над 15 години, но за жал на овој натпревар за него работите не одеа на добро со тоа што пред самиот почеток на првата партија од квалификациите при полнење на боцата се скрши системот за полнење на истата по што иако по направени напори за учество во втората квалификациска рунда учеството на натпреварот за него беше неизвесно бидејќи од страна на сервисниот штанд на производителот feinwerkbau боцата му беше вратена пред самиот старт на квалификациите. 41141881_247800295920736_907153236727693312_n

По тие неизвесни моменти и стресни ситуации за самиот спортист, Јане Џингов постигна резултат од 583,9 кругови кој иако е далеку под неговите можности сепак беше повисок од минималната олимписка норма за учество на младински олимписки игри која изнесува 580 кругови.

Како за Борјан Бранковски така и за Јане Џингов по неколкуте одбивања да го поддржат од Македонскиот Олимписки Комитет нема никаков интерес ниту има слух за поддршка и на овој млад талентиран македонски спортист како што тоа го прават за некои спортисти кои се или биле на исто ниво со нив а за нас од непознати и нелогични причини.

Напишете коментар

*