Одличен настап со постигнати национални и лични рекорди на Светскиот Куп во стрелаштво – Mинхен 2018

Од  25 до 28 мај 2018 година во Германија се одржа Светскиот куп во спортско стрелаштво Минхен 2018 во дисциплините 10 метри со воздушно оружје.

Главна карактеристика за овој ISSF Светски куп во Минхен е тоа што се постигнуваат високи резултати и учествуваат речиси сите земји од светот.

Македонските натпреварувачи се прикажаа во одлично светло на Светскиот Куп во Минхен 2018 и имаа солидни пласмани, при што остварија неколку национални и лични рекорди:

Така во дисциплината воздушна пушка жени во извонредно силна конкуренција, спортистот Нина Балабан оствари одличен резултат од 621.1 кругови, што претставува нов национален рекорд на Република Македонија во оваа дисциплина и нов нејзин личен рекорд. Нина Балабан на овој натпревар имаше одлични шест серии на истрели (102.9/103.1/105.2/103.5/103.5/102.9) што и овозможија пласман на 79 место а за влез до финалето и недостигаа уште 8 кругови.33816520_10214452185812092_6935287845531680768_n

Втората македонска спортистка Ана Ивановска во истата дисциплина оствари резултат од 615,9 кругови (100,9/103.1/105.1/102.4/101.9/102.5), што е под нејзините оптимални можности, бидејќи истата остварува без потешкотии и повисоки резултат но на овој натпревар влезе со брз ритам што доведе до неколку грешки.

Во истата дисциплина добар резултат од 608,3 кругови и личен рекорд со серии (98.8/102.5/100.6/103.6/101,2/101.6) постигна и третата македонска спортистка Антонија Андонова Тасевска која исто така без потешкотии остварува повисоки резултати но на овој натпревар влезе со мал притисок за остварување на повисок резултат од што произлезе слаба прва и трета серија. Во секој случај во последните месеци истата ја подига својата спортска форма што покажува голем подем на нејзината спортска форма за само неколку месеци, како резултат на континуиран и интензивен тренинг.

Женската екипа покрај своите остварени резултати во дисциплината жени пушка 60 дијаболи исто така остварија нов Државен екипен рекорд кој изнесува 1845,3 кругови.

На Светскиот куп во Минхен за влез во финалето во наведената дисциплина беа потребни 629,1 кругови, а златниот медал по финалната борба на 8-те најдобро пласирани го освои LIN Ying-Shin – TPE со резултат од 250.3 кругови и 630,3 кругови како 5 та во квалификацискиот натпревар. Сребрениот медал и припадна на WU Mingyang – CHN со резултат од 249,8 кругови и 631.1 кругови како 3 та во квалификацискиот натпревар, додека бронзата и припадна на IBSEN Rikke Maeng – DEN со резултат од 229 кругови и 631,3 кругови како 2 ро пласирана во квалификацискиот натпревар.28167748_1446023182193584_1713106668325928982_n

Уверени сме дека првото полугодие од оваа сезона на меѓународни натпревари нашите спортистки Нина, Антонија и Ана заедно со останатите стрелци од повеќе дисциплини ќе ја финишираат со високи резултати на државното првенство на Македонија кое ќе се одржи на почеток од месец јуни 2018 година.

Напишете коментар

*